свет

Ердоган: „Добрите дела се она што останува зад човекот“

- „Навистина, кога парите, имотот и моќта ќе се стават на право место, тогаш има и правда, и мир, доверба, убавина. Наспроти тоа, кога ќе се стават на погрешно место, тогаш има тиранија, немир, грозни работи“, изјави претседателот на Турција Ердоган

Semra Orkan  | 04.12.2021 - Обновена : 05.12.2021
Ердоган: „Добрите дела се она што останува зад човекот“ Фото: Претседателство на Република Турција / Мурат Четинмухурдар

ИСТАНБУЛ 

Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека во светот не би имало угнетувани кога парите, имотот и моќта би се користеле на вистински начин, известува Агенција Анадолија (АА).

Претседателот Ердоган се обрати на церемонијата за доделување награди за кампањата за поддршка на образованието на 100 донатори на стогодишнината од ослободувањето на Газиантеп.

Меѓу останатото, Ердоган рече дека добрите дела се она што останува зад човекот, она по што треба некој да се памти, за што се свесни и донаторите.

Се присети и на сите загинати херои кои ги положија своите животи во борбата за независност на Турција.

Претседателот Ердоган рече дека градот Газиантеп, што се наоѓа во истоимената турска област, е еден од градовите што би можел да биде пример како треба да се бориш за својата држава.

„Покрај тоа, Газиантеп постигна толку многу што успехот не остана само на тоа, туку тој воедно стана модел за развој што може да биде пример во регионот и светот. Сега работиме така што инспирирани од областа Газиантеп, што расте низ инвестиции, вработувања, производство и извоз, да овозможиме во секоја од 81 област во Турција да бидат остварени истите цели“, истакна Ердоган.

Тој укажа на значењето на образованието, квалитетната работна сила, што е еден од основните услови за развој. Осврнувајќи се на зборовите на суфискиот поет Мевлана, Ердоган зборуваше и за оние вредности што треба да ги следи секој човек.

„Навистина, кога парите, имотот и моќта ќе се стават на право место, тогаш има и правда, и мир, доверба, убавина. Наспроти тоа, кога ќе се стават на погрешно место, тогаш има тиранија, немир, грозни работи“, истакна Ердоган.

Тој додаде дека кога целиот свет би го почитувал принципот „не може ситиот да си легне додека соседот е гладен“, не би имало угнетувани. Ердоган потсети дека Господ на човекот му дал можност да размислува, по што се разликува од животните.

Ердоган се осврна на фактот дека луѓето имаат можност да разликуваат добро од зло, а со самото тоа и можноста да изберат меѓу нив.

Додаде дека човекот кој е свесен за одговорноста што му е доделена, може себеси да се воздигне така што на заедницата и на поединците ќе им прави добро.

„Наспроти тоа, работејќи само за својот интерес и его, собирајќи и искористувајќи ги друштвото и поединците, односно спроведувањето тиранија, може да не однесе на едно многу опасно место“, порача Ердоган.

Тој нагласи дека свесни за моќта што ја има знаењето, ги унапредиле и зајакнале педагошките установи, основните училишта, средните училишта и универзитетите.

Истакна дека во минатото голем број студенти од Турција заминувале на студии во странство, а денес стотици илјади студенти од сите делови на светот доаѓаат на студии во Турција.

Осврнувајќи се и на успехот што го постигна Газиантеп, рече дека претприемачите од тој град продолжуваат да ги засилуваат своите капацитети и да ги извезуваат своите производи во 175 земји од светот.

„Оние што сакаат да видат како во нашата економска политика се испреплетуваат вработувањата, инвестициите, производството и извозот, доволно е да го погледнат Газиантеп“, рече Ердоган.

Претседателот на Турција, Ердоган, рече дека извозот е цел кон која тежнеат и дека во тоа ќе успеат.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.