свет, Коронавирус

Водечки имунолог во САД: „Не можам да го запрам Трамп додека зборува на брифинзите за коронавирусот“

- Трамп на неодамнешниот брифинг за новинарите се пожали дека Кина требало да го информира светот за коронавирусот. Фаучи пак, изјави дека на некои луѓе им укажал на нелогичноста на тој коментар, бидејќи два или три месеца претходно било септември.

Associated Press  | 23.03.2020 - Обновена : 24.03.2020
Водечки имунолог во САД: „Не можам да го запрам Трамп додека зборува на брифинзите за коронавирусот“

ВАШИНГТОН

Директорот на Националниот институт за алергиски и инфективни болести и еден од највлијателните американски експерти во таа област на медицината, Ентони Фаучи, изјави дека не може да излезе пред микрофонот и да го спречи американскиот претседател, Доналд Трамп, додека на дневните конференции во Белата куќа зборува за коронавирусот, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во интервјуто за магазинот „Science“, Фаучи изјави дека Трамп го слуша, но дека не се согласуваат по некои прашања.

„Тој оди по свој пат, има сопствен стил, но слуша што му велам кога се во прашање значајни теми“, изјави Фаучи.

Трамп на неодамнешниот брифинг за новинарите се пожали дека Кина требало претходно да го информира светот за коронавирусот. Фаучи пак, изјави дека на некои луѓе им укажал на нелогичноста на тој коментар, бидејќи два или три месеца претходно било септември.

Фаучи исто така изјави дека советниците веројатно го предупредиле Трамп да биде внимателен и да не ги повторува таквите коментари.

„Меѓутоа, доколку Трамп одлучи да го повтори тоа, јас не можам да излезам пред микрофонот и да го тргнам од подиум“, изјави Фаучи.

Трамп и Фаучи минатата недела пристојно разменувале мислењата за можна употреба на лекот против маларија во случаите за лекување на коронавирусот.

„Не е дека не се согласувам со ова прашање, но беше речено на начин на кој јас не би го сторил затоа што може да доведе до погрешно разбирање на фактите“, рече Фаучи.

Угледниот американски лекар Фаучи во петокот со рака го прекри лицето и со фацијална експресија изрази несогласување додека Трамп пред него во Белата куќа зборуваше за теориите на завера и Стејт департментот го нарече „Дип“ („Deep“) Стејт департмент.

На прашањето дали бил критикуван за таа реакција, Фаучи кратко одговори дека нема коментар.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın