Şenhan Bolelli
11 Мај 2020•Ажурирај: 11 Мај 2020
МАДРИД (АА) – Во Шпанија, во изминатите 24 часа како последица на Ковид-19 починаа 123 лица, со што вкупниот број на смртни случаи од вирусот во земјата се зголеми на 26.744, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство ги ажурираше последните бројки за Ковид-19.
Вчера во Шпанија од коронавирусот починаа 143 лица, а во последните 24 часа бројката на смртни случаи е намалена на 123.
Се забележува дека ова е најмала бројка на починати од Ковид-19, од 18 март. Бројот на починати во последните 3 дена е под 200.
Од коронавирусот во земјата починаа вкупно 26.744 лица.
Според изработените PCR-тестови, во последните 24 часа во Шпанија се регистрирани 373 новозаразени, со што вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 изнесува 227.436.
Од друга страна, бројот на лица што оздравеле, а претходно биле позитивни на тестот за Ковид-19, во земјата се искачи на 137.139.
- Половина од Шпанија влезе во втората фаза од нормализацијата -
Во меѓувреме, половина од Шпанија влезе во втората фаза на нормализација наречена „ниво 1“, како дел од календарот за постепено нормализирање поставен од Владата за ублажување на економските и социјалните влијанија од Ковид-19 во земјата.
Во градовите, коишто влегоа во втората фаза, отворени се продавниците, хотелите, музеите, библиотеките, верските места за богослужба и рестораните и баровите што имаат тераса.
Се забележува дека повеќето хотели и некои продавници претпочитаат да останат затворени првиот ден од втората фаза, со образложение дека „нема да има побарувачка и дека ќе влезат во загуба“.
Исто така граѓаните се предупредуваат да користат маски на јавни и затворени простории и да внимаваат на социјалната дистанца.