Büşra Selvi Öğütcen
11 Мај 2020•Ажурирај: 11 Мај 2020
АНКАРА (АА) – Во светот од новиот тип коронавирус, Ковид-19, се излекуваа над 1,5 милиони лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На интернет-страницата „Worldometer“, на која се ажурираат податоците за бројот на заразените, починатите и излекуваните, се наведува дека во светот од Ковид-19 се излекувале 1.500.181 лице.
Најмногу излекувани има во Соединетите Американски Држави (САД), 256.336 лица. Следуваат Шпанија (176.439), Германија (145.600), Италија (105.186), Иран (86.143) и Кина (78.144).
Во Турција од Ковид-19 излекувани се вкупно 92.691 лице.
Новиот тип коронавирус, Ковид-19, се појави во декември 2019 година во кинескиот град Вухан, а за брзо време дојде до пандемија која го зафати речиси целиот свет.
Бројот на заразени со Ковид-19 во светот изнесува 4.196.193, а од последиците на вирусот починаа 284.033 лица.