Tufan Aktaş
11 Мај 2020•Ажурирај: 11 Мај 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Бројот на откриени случаи со новиот вид коронавирус (Ковид-19) низ африканскиот континент се зголеми на 63.325, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Центарот за контролирање и спречување болести во Африка.
Според ова соопштение, во последните 24 часа на африканскиот континент биле откриени уште 2.668 случаи со овој вирус, со што вкупната бројка на случаи во Африка се искачи на 63.325.
Во последните 24 часа, 67 лица починаа поради Ковид-19, со што вкупниот број на починати од Ковид-19 на овој континент порасна на 2.290.
Досега 21.821 лице се излекувани од Ковид-19 во Африка.
Најголем број смртни случаи се забележани во Египет, каде што како последица на овој вирус починаа 525 лица, по кој следуваат Алжир со 502 починати, Мароко со 188 починати, Јужноафриканската Република со 194 починати, Нигерија со 143 починати и Камерун со 114 починати.
Меѓу другото, најголем број откриени случаи се регистрирани во Јужноафриканската Република, по која следуваат Египет, Мароко, Алжир, Гана, Нигерија и Камерун.
Во Лесото, земја во Јужна Африка, сè уште не е откриен ниту еден случај со Ковид-19.