Jeyhun Aliyev
15 Март 2021•Ажурирај: 16 Март 2021
ПАРИЗ (АА) - Франција регистрира 26.343 нови случаи на коронавирусот во изминатите 24 часа, со што бројот на досега заразените од вирусот во земјата се искачи на над 4,07 милиони, соопштија денес здравствените власти, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Уште 140 лица ја загубија битката против вирусот во последните 24 часа, со што бројот на смртни случаи во земјата достигна 90.455 лица.
Вкупно 24.989 лица се лекуваат во болниците, од кои 4.127 се на интензивна нега, додека бројот на оздравени лица се искачи на 272.960, со регистрирани 345 оздравени лица според последните податоци.
Бројот на заразени кои се на интензивна нега продолжува да расте.
Според податоците на Министерството за здравство, бројот на лица што се вакцинирани од 27 декември минатата година надмина 5,12 милиони, вклучувајќи над 2,23 милиони што ја примија втората доза од вакцината.
Вирусот што се појави во Вухан, Кина, во декември 2019 година, досега однесе над 2,65 милиони животи во 192 земји и региони.
Според податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“, во светот досега се регистрирани 119,8 милиони случаи на коронавирус и речиси 68 милиони оздравени лица.
САД, Бразил и Индија остануваат најтешко погодените земји во однос на бројот на случаите.