Aydoğan Kalabalık
15 Март 2021•Ажурирај: 15 Март 2021
КАИРО (АА) - Египет и Франција реализираа заедничка поморска вежба во водите на Црвеното Море, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на египетската Војска, Тамир ер Рифаи, ја потврди информацијата преку соопштение објавено на својот фејсбук-профил.
Тој нагласи дека во оваа вежба учествувале францускиот носач на авиони „Шарл де Гол“ и фрегатата „Сеџем ел Фатих“ на поморските сили на Египет.
Во рамки на вежбата се реализирани бројни обуки во повеќе области против евентуални закани што може да дојдат преку ден или преку ноќ, слетување со хеликоптер на брод, како и одбранбени тактики од далечина и од близина.
Се истакнува дека вежбата е реализирана во рамки на планот на Генералната команда на Вооружените сили на Египет за зголемување на нивото на обука и заемно споделување искуства со вооружените сили на братските и пријателски земји.
Според соопштеното, оваа вежба е показател на позитивните билатерални односи помеѓу Египет и Франција.
Двете земји на 8 март 2021 година реализираа заедничка воена обука во Црвеното Море.