Melike Keskin
11 Мај 2020•Ажурирај: 11 Мај 2020
КОЊА (АА) - Во Коња, Аксарај и Афјонкарахисар, во централна Турција, трговските центри, кои беа привремено затворени поради новиот вид коронавирус, Ковид-19, повторно ги отворија своите врати за потрошувачите, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во Турција започнаа да работат трговските центри кои ги прекинаа своите услуги привремено поради Ковид-19.

Рестораните, кафулиња и секторот за спорт и забава, кои се во рамките на трговските центри, сè уште ќе останат затворени.
Во утринските часови, во отворените трговски центри не беше забележан метеж, а голем дел од граѓаните се придржуваа на мерките „Останете дома“.
Забележано е дека вработените во продавниците користеа маски, а исто така и муштериите влегуваа во продавниците со маски и ракавици.
Граѓаните се примаа во трговските центри по претходна контрола дали имаат симптоми на коронавирусот.