Husamedin Gina
11 Мај 2020•Ажурирај: 12 Мај 2020
СКОПЈЕ (АА) - Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека во последните 24 часа регистрирани се 64 оздравени пациенти, со што вкупната бројка на оздравени од Ковид-19 се зголеми на 1.200 пациенти, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Денес, Институтот за јавно здравје потврди 22 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на дијагностицирани случаи во земјата од почетокот на епидемијата достигна 1.664.
Министерството за здравство соопшти и дека во изминатите 24 часа се направени 145 тестирања за Ковид-19, а вкупно досега во земјата се извршени 19.241 тестирање. Бројот на активни случаи изнесува 373.
Во изминатите 24 часа, според Министерството за здравство, не се регистрирани смртни случаи од коронавирусот.
Според владините мерки за ограничување на движењето на граѓаните во Северна Македонија, полицискиот час на сила е секој работен ден, од понеделник до петок. Истите ограничувања важат и за време на викендите.