Fatjon Cuka
11 Мај 2020•Ажурирај: 11 Мај 2020
ТИРАНА (АА) - Во Албанија во последните 24 часа откриени се 4 случаи со новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупниот број на случаи во земјата се зголеми на 872, меѓу кои се и починатите лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството за здравство и социјална заштита на Албанија, во последните 24 часа тестирани се уште 121 лице, од кои четворица биле позитивни на Ковид-19.
„Досега во земјата откриени се 872 случаи со Ковид-19. 654 граѓани, односно 75 отсто од заразените се излекувани. Во земјата моментално има 187 активни случаи со Ковид-19. Повеќе од 10 дена немаме ниту еден починат“, се вели во соопштението.
Досега во Албанија се извршени 11.089 тестирања, а 31 лице починаа како последица на вирусот.