Турција

Турција: Приведени 74 припадници на ФЕТО

„Налозите за приведување беа издадени за 47 наредници во турските копнени сили, вклучувајќи 30 на активна должност, како дел од истрагата за инфилтрирањето на терористичката организација во турските копнени сили“, се вели во соопштението

Burak Bir  | 06.12.2019 - Обновена : 06.12.2019
Турција: Приведени 74 припадници на ФЕТО

ИЗМИР/АНКАРА (АА) - Турската полиција денес приведе 74 лица поради наводи за нивна поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Налозите за приведување беа издадени за 47 наредници во турските копнени сили, вклучувајќи 30 на активна должност, како дел од истрагата за инфилтрирањето на терористичката организација во турските копнени сили“, се вели во соопштението издадено од обвинителите во Анкара.

Во истовремените операции извршени низ 21 област, вклучувајќи го и главниот град, приведени се 28 осомничени. 

„Обвинителите во егејската област Измир издадоа налози за приведување на 28 осомничени припадници под обвиненија за членство во терористичката организација“, се вели во соопштението издадено од Канцеларијата на јавниот обвинител.

Дваесет и еден осомничен се приведени во истовремените операции извршени во девет области - Измир, Мардин, Анталија, Маниса, Мугла, Кутахија, Артвин, Коња и главниот град Анкара.

Други дванаесет осомничени за членство во ФЕТО беа исто така фатени, како и тројца обвинети за користење на апликацијата за кодирани пораки „БајЛок“.

За време на претрагите, полицијата исто така заплени лажни документи за идентификација, мобилни телефони, таблети, пиштоли без дозвола, голем број организациски документи, дигитални материјали и голема сума пари.

Потрагата по останатите осомничени е во тек.

ФЕТО и нејзиниот водач, Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), стојат зад неуспешниот обид за државен удар на 15 јули 2016 година во Турција, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.

Терористичката ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрација на нејзините припадници во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.