Mustafa Melih Ahıshalı
11 Мај 2020•Ажурирај: 11 Мај 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Во Иран во последните 24 часа починаа 45 лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупниот број на починати во земјата се зголеми на 6.685, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на иранската државна телевизија, портпаролот на Министерството за здравство на Иран, Кијануш Џиханпур, информирал дека во последните 24 часа починале 45 лица како последица на коронавирусот.
Џиханпур рече дека со ова, вкупниот број на починати поради Ковид-19 во земјата се зголемил на 6.685.
Според него, бројот на откриени случаи со овој вирус во земјата, со зголемување од 1.683 се искачил на 109.286.
Тој нагласи дека 2.703 од вкупно заразените се наоѓаат во тешка состојба, додека, како што рече тој, 87.422 лица се излекувани и отпуштени од болница.