Agim Sulaj
11 Мај 2020•Ажурирај: 11 Мај 2020
ПРИШТИНА (АА) - Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин Курти, истакна дека денес не отишол на работното место поради тоа што имал контакт со функционер во едно од министерствата, кој имал близок контакт со лице дијагностицирано со новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Курти ја потврди оваа информација преку соопштение објавено на социјалните мрежи.
Тој нагласи дека се работи за неговиот контакт со функционер од Министерството за европска интеграција, кој е тестиран од страна на здравствените органи и за кој се чекаат резултатите за Ковид-19.
„Јас имав контакт со него, како и со другите вработени во Министерството за европска интеграција и Канцеларијата на премиерот на Косово, иако секој ги почитуваше правилата за физичка дистаца. Од денес сум во самоизолација дома сè додека да излезат резултатите од тестирањето на функционерот од Министерството за европска интеграција“, напиша Курти.
Според него, и по самоизолацијата неговата должност ќе ја извршува од дистанца со иста посветеност, и како што рече тој, одлуките ќе ги носи со иста одговорност.
Инаку, во Косово досега се откриени 884 случаи со Ковид-19, меѓу кои 655 излекувани лица и 28 починати.