свет

„Заедничките патроли покажуваат дека сѐ се одвива во рамките на Договорот во Сочи“

„Процесот да не биде завршен во некои области е природно. Активностите во тој правец ќе продолжат, но заедничките патроли покажуваат дека сѐ се одвива во рамките на Договорот од Сочи“, рече Лавров

Dmitri Chirciu  | 20.11.2019 - Обновена : 21.11.2019
„Заедничките патроли покажуваат дека сѐ се одвива во рамките на Договорот во Сочи“

МОСКВА (АА) - Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, во однос на спроведувањето на Договорот од Сочи меѓу Турција и Русија на северот на Сирија, истакна: „Процесот да не биде завршен во некои области е природно. Активностите во тој правец ќе продолжат, но заедничките патроли покажуваат дека сѐ се одвива во рамките на Договорот од Сочи“, пренесува Агенција Анадолија (АА).

По состанокот со министерот за надворешни работи на Бахреин, Халид бин Ахмед ал Халифе, во главниот град Москва, Лавров одговори на прашањата на новинарите.

Лавров, истакнувајќи дека Договорот меѓу Турција и Русија од Сочи се спроведува, рече: „Процесот да не биде завршен во некои области е природно. Активностите во тој правец ќе продолжат, но заедничките патроли покажуваат дека сѐ се одвива во рамките на Договорот од Сочи.“

На прашањето на новинарот на АА, „Како Русија го оценува тоа што терористичката организација ЈПГ/ПКК не го напушти регионот што е во спротивност на Договорот од Сочи и спроведува дијалог со САД за нафта“, Лавров одговори дека САД го продолжуваат своето воено присуство во Сирија заради нафтата, и додаде: „Некои претставници на Сириските демократски сили веруваат дека ќе формираат полудржава со добивањето на постојана поддршка од Соединетите Американски Држави. Тоа е погрешен избор.“

Тој, истакнувајќи дека САД сакаат да го спречат дијалогот меѓу ЈПГ/ПКК и режимот на Асад, нагласи: „Обезбедувањето дијалог со Дамаск ќе ги реши сите проблеми поврзани со правата на Курдите и легитимните безбедносни интереси на Турција.“ На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın