Ahmet Furkan Mercan
11 Ноември 2019•Ажурирај: 12 Ноември 2019
АНКАРА (АА) - Турција ја повтори својата посветеност да ги брани своите права во Источниот Медитеран, како одговор на плановите на Европската унија (ЕУ) за рестриктивните мерки против Турција, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Покрај сите непромислени чекори на ЕУ, Турција нема да се откаже од бранење на своето право во согласност со меѓународното право во Источниот Медитеран“, се наведува во писменото соопштение на Министерството за надворешни работи на Турција.
Советот за надворешни работи на ЕУ усвои рамка за рестриктивни мерки против Турција во врска со активностите на дупчење во Источниот Медитеран.
„Залудно очекување е надежта дека нашата земја ќе потклекне на заканите и ќе направи чекор назад од своите права во Источниот Медитеран. Никој да не се сомнева дека нема да продолжиме на ист начин со нашите активности за пребарување и дупчење на Источниот Медитеран“, се нагласува во ова соопштение.