Abdullah Çelik
11 Ноември 2019•Ажурирај: 15 Ноември 2019
БИНГОЛ (АА) - АБДУЛАХ ЧЕЛИК -
Емре Џан, фудбалерот на италијанскиот клуб Јувентус, донираше апарат за дијализа во месноста Киги, во градот Бингол, јавува јавува Anadolu Agency (AA).
Емре, како син на иселеничко семејство од Афјонкарахисар, роден е во Франкфурт.
Емре дознал дека неговата сосетка Ајсел Онуч (54), мајка на 3 деца, за време на летните одмори не заминала во својот роден крај Киги, бидејќи имала страв дека таму нема да најде апарат за дијализа.
Емре Џан, жалејќи за таа ситуација, носи одлука да донира апарат за дијализа во месноста Киги. Тој, контактирајќи со властите во градот Бингол, донираше апарат за дијализа во Државната болница во Киги. Апаратот поставен во Центарот за дијализа нуди услуги за сите пациенти во областа.
Хуманото однесување на фудбалерот Емре Џан им даде морал и на пациентите болни од бубрези.
Заменик-директорот на Државната болница во Бингол, Мурат Бајнал, во разговор за Anadolu Agency (AA) рече дека пред извесно време кај него се јавиле роднините на Ајсел Онуч и го известиле дека Емре Џан сака да донира апарат за хемодијализа во месноста Киги.
Бајнал, истакнувајќи дека откако завршиле договорите, апаратот стигнал до месноста Киги, рече дека апаратот почнал да нуди услуги на пациентите во Центарот за дијализа.
- „Пациентите може да дојдат во областа без никакви проблеми“
Директорот за здравство на областа, Мехмет Емин Гундогду, посочи дека Државната болница во Киги со капацитет од 15 кревети започнала со работа во 2017 година и дека за пациентите болни од бубрези од Киги и Адакли формиран е центар за дијализа со два апарата.
Тој рече дека бројот на машини за дијализа во Центарот се искачил на три со донација на Емре Џан.
„Во текот на летото населението во Киги и Адакли се зголемува за двапати. Поради пациентите кои доаѓаат на гости имаме потреба од повеќе апарати за дијализа. Во време кога од Министерството за здравство сакавме да побараме нов апарат за дијализа, бевме информирани дека фудбалерот на Јувентус сака да донира. Со задоволство го прифативме тоа. Сега имаме 7 болни на кои им се нуди помош преку двата апарата", рече Гундогу.
Информираше дека веќе имаат три апарати.
„Во летниот период бројот на пациентите се зголемува на 12. Веќе во Киги и Адакли имаме доволно апарати, пациентите можат без проблеми летните одмори да ги поминуваат тука. Голема благодарност до Емре Џан за неговата донација“, нагласи Гундогду.
- „Немам потреба да одам во Бингол“
Севгили Еринч (67), за дијализа од местото Адакли доаѓа во Киги. Таа истакна дека пред четири години имала проблеми со бубрезите и дека мора да доаѓа на дијализа.
Еринч, истакнувајќи дека неделно трипати се поврзува на апаратот за дијализа, рече: „Благодарение на овој уред, не мора да одам до градот Бингол. Истиот ден откако ќе завршам со дијализата се враќам дома. Му благодарам многу на Емре. Господ нека го благослови.“