Sibel Uğurlu
11 Ноември 2019•Ажурирај: 11 Ноември 2019
АНКАРА (АА) - Министерството за надворешни работи на Турција соопшти дека со загриженост ги следи случувањата во Боливија кои резултираа со оставка на претседателот на државата, Ево Моралес, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Турција му придава значење на принципот дека администрациите на власт треба да доаѓаат преку демократски процеси. Во овој контекст, со загриженост ги следиме случувањата во Боливија кои резултираа со оставката на претседателот на државата, Ево Моралес“, се наведува во соопштението на ова Министерство.
Во соопштението се упатува апел за намалување на тензиите во земјата, враќање на животот во нормала и спроведување на демократијата во насока на изборите на народот на Боливија.
Во ова соопштение Турција посака да се постигне мир, спокојство и стабилност во оваа земја.
- Кризата во Боливија
На 20 октомври во Боливија се одржаа претседателски избори, додека опозицијата тврдеше дека на изборите е направена измама. Двете страни ги повикуваа своите поддржувачи да излезат на улиците.
Откако опозицијата повика на поништување на изборите, Моралес најави нови избори, но поддржувачите на опозицијата најавија продолжување на протестите сѐ додека не се одржат избори без учество на Моралес.
Вчера, челникот на боливиската армија, Вилијамс Калиман, го повика Моралес да се повлече во обраќање до целата нација пренесувано во живо.
Откако Моралес поднесе оставка, беше донесена наредба за негово апсење.