Sefa Şahin
13 Ноември 2019•Ажурирај: 14 Ноември 2019
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција, сподели фотографија од моментот кога турскиот војник во Рас ал Ајн ја бакна раката на една стара жена како дел од операцијата „Извор на мирот“, пренесува Агенцијата Анадолија (AA).
Министерството за одбрана на Турција, преку Твитер ја сподели фотографија од моментот кога турскиот војник во Рас ал Ајн ја бакнува раката на една стара жена.
Во објавата на Твитер, заедно со фотографијата споделена и реченицата на Мустафа Кемал Ататурк кажана за војниците херои на Турската војска.
Во реченицата се истакнува: „Ниту една армија во светот досега не запознала војник со такво чисто срце и издржливост како што е турскиот војник“.
Објавата за кратко време доби многу лајкови.