Aness Suheil Barghoti ,Mahmoud Barakat
13 Ноември 2019•Ажурирај: 14 Ноември 2019
ЕРУСАЛИМ (АА) - Најмалку 21 Палестинец загинаа во нападите на израелската војска во дводневните напади во Појасот Газа, се соопштува од палестинското Министерство за здравство, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението се додава дека 69 лица се повредени во нападите во Појасот Газа.
Утринава бригадата „Ал Кудс“, воено крило на движењето „Исламски џихад“, соопшти дека еден од неговите команданти бил убиен во напад од страна на израелските сили.
Израелската војска претходно соопшти дека нејзините воздушни сили го нападнале „Исламски џихад“, кој се обидел да истрела ракети на Израел од северниот дел на Појасот Газа. Тврди дека од вчера повеќе од 250 ракети биле испукани од Газа кон Израел.
Во меѓувреме, во јужните градови Ашкелон и Сдерот се слушнаа сирени за узбуна.
Ситуацијата во Газа додатно ескалираше вчера кога во израелски воздушни напади е убиен Баха Ебу ал Ата, командантот на движењето „Исламски џихад“, и неговата сопруга Есма Абу ал Ата.