Sümeyye Dilara Dinçer
20 Август 2021•Ажурирај: 21 Август 2021
АНКАРА (АА) - Во светот досега се аплицирани повеќе од 4,88 милијарди дози од вакцините против коронавирусот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во имунизацијата во предност е Кина каде што се дадени 1,91 милијарди дози од вакцините против коронавирусот.
Порталот „Ourworldindata.org“ објавува ажурирани податоци во врска со процесот на имунизација против коронавирусот во светот.
Индија е втора, со повеќе од 572,28 милиони дози вакцини, потоа следуваат САД со 359,62 милиони. Во Бразил се аплицирани 173,16 милиони дози, во Јапонија бројката на дадени дози вакцини изнесува 115,74 милиони, Германија има аплицирано 99 милиони дози и Велика Британија 88,62 милиони дози вакцини.
Според податоците на Министерството за здравство на Турција, во земјата се дадени повеќе од 87,78 милиони дози, при што првата доза ја добија повеќе од 45,56 милиони, двете дози повеќе од 34,71 милиони граѓани, а над 7,36 милиони имаат примено трета доза.
Поголемиот дел од вакцините против Ковид-19 се даваат во две дози, така што бројот на вакцини не е еднаков со бројот на лица кои се целосно вакцинирани.
По Турција по бројот на дадени дози вакцини се Индонезија, Франција, Мексико, Италија, Русија и Шпанија.
Според податоците на американскиот Универзитет „Џон Хопкинс“, бројот на заразени со коронавирусот во светот надмина 210,1 милиони луѓе, додека од последиците на вирусот починаа повеќе од 4,4 милиони.