Ekipa
20 Август 2021•Ажурирај: 22 Август 2021
КАБУЛ (АА) - Откако талибанците го зазедоа авганистанскиот главен град Кабул, стампедото од луѓе кои хаотично доаѓаа за евакуација пред влезот на аеродромот, зад себе остави отпад од автомобили.
Луѓето кои сакаа да ја напуштат земјата мораа да ги остават своите возила надвор од Меѓународниот аеродром „Хамид Карзаи“.
Возилата оштетени од оние кои не можеа да влезат на аеродромот со надеж за евакуација, се претворија во отпад. Возилата чии прозорци беа искршени, а внатрешната опрема беше ограбена, се сериозно оштетени.

Возилата, кои создаваат слика на отпад за старо железо на надворешната контролна точка на аеродромот, безбедносните сили повремено ги користат како препрека пред оние кои сакаат да влезат на аеродромот.
Победата на оруженото талибанско движење во неделата предизвика хаотична евакуација на сите странски државјани, меѓу кои државјани на САД, Велика Британија и на земјите членки на НАТО во Авганистан.

Аеродромот беше преплавен и од Авганистанци, очајни да ја напуштат земјата поради порастот на неизвесноста за тоа како ќе владеат талибанците. Многу цивили загинаа обидувајќи се да избегаат од земјата држејќи се за авионите. Други починаа откако се задушија поради стампеда на терминалот за заминување.