Şenhan Bolelli
25 Јули 2020•Ажурирај: 26 Јули 2020
МАДРИД (АА) - Во соработка на унивезитетски професори, научни центри и компании развиена е првата заштитна маска за која се тврди дека го неутрализира новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението за медиумите на Институтот за молекуларна медицина „Жао Лобо Антунес“ се наведува дека по низа направени тестови откриено е дека маската „MOxATech “, која е пуштена во продажба од април, може да го неутрализира вирусот Ковид-19.
Се наведува дека по извршената анализа докажано е дека текстилниот материјал и заштитната опрема што се користи кај маската имаат особина да го неутрализираат вирусот во случај на контакт со него.
Педро Симас, виролог, кој работи во Институтот и ги координира тестовите нагласи:
„Во одредени интервали беше анализиран ефектот на вирусот при допир со ткаенината што се користи за маската. И по 50 перења беше утврдено дека маската продолжила да го неутрализира вирусот САРС и Ковид-19. Забележано е дека еден час по контакт со маската ефектот на вирусот е намален за 99 проценти.“
Маската, која е развиена од португалскиот бренд „МО“, е произведена од ткаенина со својство за водоотпорност и за повеќекратна употреба.