Zehra Ulucak
26 Април 2017•Ажурирај: 28 Април 2017
АНКАРА (АА) - Една јапонска компанија за накит стави на продажба копија од чисто злато на маската што ја носи Дарт Вејдер, лик од филмот „Војна на ѕвездите“ (Star Wars), со вредност од 1,4 милиони долари (154 милиони јапонски јени), јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста на Кјодо, маската чија тежина е приближно 15 килограми, на 4 мај во Токио ќе биде ставена во продажба по повод 40. годишнина на научно фантастичниот филмски серијал „Војна на ѕвездите“.
Од компанијата за накит „Tanaka Kikinzoku“ (Танака благородни метали) велат дека големината на маската што ќе биде ставена на продажба со цена од 1,4 милиони долари, е 30 на 26,5 сантиметри, и оваа маска од денес ќе биде изложена во седиштето на компанијата во Гинза, Токио.
Како што велат од компанијата, три мали монети од чисто злато, како и копијата од постерот на овој филм употребуван пред 40 години, кога филмот беше објавен за првпат, ќе бидат ставени на продажба по цена од 11.000 долари.