Furkan Abdula
25 Април 2017•Ажурирај: 26 Април 2017
СКОПЈЕ (АА) – Денес во Националната галерија на Македонија - Чифте амам во Старата скопска чаршија, беше отворена четвртата по ред изложба на студентите од Меѓунардониот Балкански Универзитет (ИБУ) , јавува Anadolu Agency (AA)
На оваа изложба учествуваа претседателот на управниот одбор на универзитетот, а воедно и пратеник во Собранието на Турција, Хусејин Бурге, советникот за образование при амбасадата на Турција во Скопје, Тамер Севим, координаторот на Турската агенција за меѓународна соработка и координација (ТИКА) во Скопје, Ајтекин Ајден, голем број на студенти и љубители на уметноста.
На оваа изложба беа изложени дела од последната 2016-2017 учебна година и според организаторите, на некој начин претставува триумф на она што го сработиле во изминатата година.
Според организаторите, на изложбата содржи богата програма којашто вклучува различни видови уметност почнувајќи од традиционална уметност, слики со различни мотиви, мртва природа, архитектура, пејсажи и друго.
Исто така, на изложбата беа вклучени фотографии, од графички дизајн, на кои има илустрации, а на изложбата беше вклучен и Факултетот за архитектура со своите проекти. Студентите на овој универзитет, како што најавија организаторите, работат и со традиционални и со модерни техники користејќи традиционални методи на сликање, а исто така и користење на компјутерски софтвери.
Проф. Д-р Исмаил Коџајусуфоглу во своето обраќање истакна дека на оваа изложба се изложени делата на студентите од Фаултетот за уметност и дизајн, како и студенти од факултетот за архитектура.
„Оваа изложба четврти пат по ред се отвара во Скопје. По оваа изложба во Скопје, истите дела ќе бидат изложени и во други различни градови на државата, како и во различни земји на Балканот и за крај ќе се отвара во Турција“, рече Коџајусуфоглу.
Од друга страна, пратеникот Хусејин Бурге го изрази своето задоволство што има можност да присуствува на отворањето на изложбата на ИБУ во Скопје. Тој рече дека му се допаѓаат изложените дела на студентите и го пофали одржувањето на овој културен настан.
Инаку, љубителите на уметноста ќе имаат можност да ја посетат оваа изложба со 28 април.