Alaattin Doğru
13 Мај 2020•Ажурирај: 14 Мај 2020
ДАКАР (АА) – Источно африканската земја Бурунди ги прогласи за „персона нон грата“ претставникот на Светската здравствена организација (СЗО) во земјата и тројца експерти, и им даде рок од 3 дена да на напуштат земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писмената нота на Министерството за надворешни работи на Бурунди испратена до Централното биро на СЗО во Африка и Бирото на Бурунди, се бара претставникот на СЗО за Бурунди, Валтер Казади Муломбо и тројцата експерти, Даниел Тарзу, Рухана Миринди Бисимва и Жан Пјер Мулунда Нката, до 15 мај да ја напуштат земјата.
Во нотата се наведува дека тие луѓе се „непосакувани лица“ во земјата.
Вработените во СЗО се обвинети за мешање во внатрешните работи на земјата пред општите и претседателските избори, што ќе се одржат на 20 мај.
- СЗО обвинета дека не ги исполнила потребните обврски во Африка -
Инаку, одлуката на Владата на Бурунди беше поддржана на социјалните медиуми, каде што се истакнува дека СЗО не ги исполнила потребните обврски за маларијата, која предизвика повеќе смртни случаи отколку новиот вид коронавирус, Ковид-19.
Во земјата и покрај епидемијата се организира изборна кампања. Од Ковид-19 во земјата почина едно лице, а се излекуваа 7 лица. Активниот број на случаи е 7.
Има загриженост дека споредувањето на кампањата ќе го забрза ширењето на епидемијата.