Gamze Türkoğlu Oğuz
13 Мај 2020•Ажурирај: 14 Мај 2020
АНКАРА (АА) - Со новиот тип на Ковид-19 во светот заразени се повеќе од 4,4 милиони лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Податоците на интернет страницата „Worldometer“ покажуваат дека Ковид-19 е потврден кај 4.400.900 лица во светот.
Најмногу заразени, и тоа 1.422.164 лица, има во Соединетите Американски Држави (САД). Следуваат Шпанија (271.095), Русија (242.271), Велика Британија (229.705), Италија (222.104), Бразил (180.737), Франција (178.060) и Германија (173.824).
Според последните податоци, во Турција од коронавирусот заразени се вкупно 143.114 лица.