свет

„Вашингтон пост“: Турција е единствениот бранител на беспомошните луѓе во Сирија

Американскиот весник „Вашингтон пост“ пишува дека западните земји не прават ништо за Граѓанската војна во Сирија, која оди во трагична катастрофа, и подвлече: „Турција е единствениот бранител на беспомошните луѓе во Сирија“

Kasım İleri  | 27.02.2020 - Обновена : 28.02.2020
„Вашингтон пост“: Турција е единствениот бранител на беспомошните луѓе во Сирија

ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот весник „Вашингтон пост“ напиша дека западните земји не прават ништо за Граѓанската војна во Сирија, која оди во трагична катастрофа, и подвлече: „Турција е единствениот бранител на беспомошните луѓе во Сирија“, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Весникот во главниот денешен напис се осврна на хуманитарната криза во Идлиб. Во написот е нагласено дека западните влади веќе се уморни од сириската Граѓанска војна и дека поради поларизација на нивната агенда Западот го повлекол вниманието од Сирија.

Во написот се вели дека според Обединетите нации, од декември од Идлиб поради нападите на режимот на Асад и Русија, 900.000 бегалци, од кои 500.000 деца, избегале во близина на турската граница и дека бегалците не можат да најдат засолниште поради студените временски услови.

„Единствениот бранител на тие очајни луѓе таму е Турција, која во последните недели во регионот распореди илјадници војници, тенкови и топови. Претседателот Реџеп Таип Ердоган се закани дека ако до крајот на оваа недела не се повлечат, ќе започне напад врз режимот на Асад“, се нагласува во написот на „Вашингтон пост“.

Весникот, потсетувајќи дека вчера во Анкара започнале преговори меѓу Турција и Русија, пишува дека претседателот Ердоган сака да се создаде безбедносна зона на длабочина од 20 километри во која ќе биде вклучен и центарот на Идлиб.

Исто така, во написот се вели дека е можно Русија да го прифати предлогот за безбедносна зона и се додава: „Режимот на Асад сака да го преземе цел Идлиб по секоја цена без оглед на човечките загуби.“

Во главниот напис на весникот се истакнува дека Русија не го одржала ветувањето за контролирање на Асад, па затоа САД и европските земји мора да направат конкретни притисоци врз Путин за да престанат нападите, за да се обезбеди прекин на огнот и да се обезбеди хуманитарната помош да стигне до Идлиб. На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın