Ali Bayaslan
27 Март 2020•Ажурирај: 28 Март 2020
АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, истакна дека во рамки на мерките за борба против ширењето на новиот вид коронавирус (Ковид-19), Турција ги одложила сите меѓународни летови, додека бројот на починатите поради овој вирус во земјата изнесува 92 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Сите меѓународни летови се одложени на неопределено време“, нагласи Ердоган во обраќањето до нацијата.
Што се однесува до домашниот транспорт, Ердоган рече дека патувањата меѓу градовите сега ќе бидат предмет на дозвола на локалните власти.
Турскиот претседател истакна дека Турција поседува најдобра класа на кревети за интензивна нега за граѓаните и дека го зголемуваат производството на респираторите.
„Ако ги преземаме сите прелиминарни мерки, веруваме дека ќе го надминеве ова прашање“, нагласи Ердоган.
„Никогаш нема да бидеме во паника бидејќи навистина водиме силна борба против оваа закана“, додаде турскиот претседател.
Ердоган рече дека „влеговме во еден период кога треба уште повеќе да се жртвуваме со цел да ја надминеме оваа криза со која се соочува човештвото."
„Заедно со нашиот народ со решителност водиме борба против Ковид-19 со верување дека ниту една неволја не е поголема од нашата моќ“, истакна турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган.