Ali Murat Alhas
27 Март 2020•Ажурирај: 28 Март 2020
АНКАРА (АА) - Во Турција во последните 24 часа починаа уште 17 лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати во земјата се искачи на 92 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација ја потврди Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, на прес-конференција.
Коџа информираше дека 2.069 нови пациенти се дијагностицирани со Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи се зголеми на 5.698.
Тој нагласи дека 42 лица во земјата се излекувани од овој вирус и отпушени од болница.
Според него, 344 лица се лекуваат во интензивна нега.
Турскиот министер истакна дека во последните часа биле извршени 7.533 тестирања, додека во земјата биле извршени над 47.000 тестирања за коронавирус.