Hamdi Yıldız
09 Март 2020•Ажурирај: 09 Март 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Бројот на откриени случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Египет се искачи на 55 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Министерството за здравство на Египет, Халид Муџахид, во изјава за државната телевизија истакна дека со откривањето на 7 нови случаи вкупната бројка на заразени лица од Ковид-19 се искачила од 48 на 55 лица.
Египетските медиуми во саботата соопштија дека покрај претходно откриените случаи, Ковид-19 бил откриен кај 33 патници во туристичкиот брод на реката Нил.
Од друга страна, египетското Министерство за здравство претходно нагласи дека еден германски државјанин, кој пред една недела дошол во земјата, починал како резултат на Ковид-19, и дека тоа е првиот смртен случај од овој вирус во земјата.