Dilara Hamit
09 Март 2020•Ажурирај: 09 Март 2020
ДОХА (АА) - Катар вчера објави дека привремено го забранува влезот на патници од 14 земји, поради загриженоста во врска со епидемијата на коронавирус, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во забраната за влез во земјата се вклучени патници од Бангладеш, Кина, Египет, Индија, Иран, Ирак, Либан, Непал, Пакистан, Филипини, Јужна Кореја, Шри Ланка, Сирија и Тајланд.
Катарските државјани беа исто така повикани да не ги посетуваат земјите доколку не е апсолутно неопходно.
Катар го објави ваквото соопштение откако од Министерството за здравство се пријавени уште три случаи на коронавирусот, официјално познат како Ковид 19, при што бројката на заразени во земјата изнесува вкупно 15.
Најновите случаи на заразени биле странци од иста земја кои живееле во ист стан.
„Бројката на починати од вирусот на глобално ниво изнесува околу 3.500 лица, со повеќе од 100.000 потврдени случаи“, се соопштува од Светската здравствена организација (СЗО).
Како дел од напорите за да се спречи појавата на епидемија, Владите ги затворија границите и ги суспендираа воздушните и копнените патувања во најмногу погодените земји, вклучувајќи ги Кина, Иран и Италија.
Светската здравствена организација (СЗО) прогласи многу висок степен на глобална опасност.