Muhammed Emin Canik
03 Април 2020•Ажурирај: 04 Април 2020
БУЕНОС АИРЕС
За да се спречи ширењето на пандемијата на новиот коронавирус во јужноамериканската држава Перу, одлучено е мажите и жените да излегуваат надвор во различно време, јавува Агенција Анадолија (АА).
Перуанскиот претседател Мартин Вискара изјави дека имаат за цел да го намалат бројот на луѓето на улица и дека донеле прописи со кои на мажите им се овозможува излегување во понеделник, среда и петок, а на жените во вторник и четврток.
Наведувајќи дека движењето во недела е ограничено за сите, Вискара изјави дека до 12 април граѓаните ќе можат да излегуваат од своите домови само за да ги исполнат основните потреби како што е заминување до банка, аптека и снабдување со храна.
Вискара додаде дека одлуката не се однесува на луѓето кои работат во јавниот сектор и на оние кои работат на доставата на потребните основни средства за живот.
Во Перу, каде што поради Ковид-19 починаа 55 лица, бројот на заразени е зголемен на 1.414.
Во земјата која има популација од 33 милиони, карантинот е продолжен до 12 април.