Ahmet Dursun
03 Април 2020•Ажурирај: 03 Април 2020
АНКАРА
Во Иран бројот на смртни случаи предизвикани од заразувањето со новиот тип коронавирус е зголемен на 3.294 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Министерството за здравство на Иран, Кијануш Џиханпур, соопшти дека во последните 24 часа починале 134 лица, со што бројот на починатите е зголемен на 3.294.
Џиханпур соопшти дека во истиот период е потврдена зараза кај уште 2.715 лица, и дека бројот на заразени во таа земја во моментот изнесува 53.183.
Тој додаде дека 4.035 заразени се во критична состојба, додека во изминатите 24 часа се излекувале 1.224 заболени.