Şenhan Bolelli
03 Април 2020•Ажурирај: 03 Април 2020
МАДРИД
Пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), во последните 24 часа предизвика смрт на 932 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи во Шпанија се зголеми на 10.935, јавува Агенција Анадолија (АА).
Шпанското Министерство за здравство објави ажурирани податоци во врска со Ковид-19.
Според податоците што ги објави ресорното Министерство, во последните 24 часа бројот на починати од последиците предизвикани од вирусот изнесува 932 случаи, со што вкупниот број на починати од Ковид-19 во Шпанија изнесува 10.935 лица.
Вчера во период од 24 часа од последиците од новиот тип коронавирус починаа 950 лица.
Во последните 24 часа се регистрирани 7.472 лица заразени со Ковид-19, со што вкупниот број на детектирани случаи на заразени од коронавирусот се искачи на 117.710 лица. Со оваа борјка, Шпанија ја надмина Италија (115.716), според бројот на детектирани случаи.
Во шпанските болници се лекуваат 56.637 лица, од кои 6.416 се наоѓаат на интензивна нега (нови 354 случаи). Бројот на излекувани лица е зголемен за 3.770 и досега во Шпанија од Ковид-19 се излекувале вкупно 30.513 лица.
Шпанија е втора земја во светот (по Кина со 79.791 случај), според бројот на излекувани случаи на Ковид-19.
Од друга страна, според податоците на шпанското Министерството за здравство, од пандемијата на новиот тип коронавирус најпогодено е автономното подрачје Мадрид, каде што бројот на смртни случаи во последните 24 часа е зголемен за 308 лица и достигна бројка од 4.483 починати.
Бројот на детектирани случаи на заразеност со Ковид-19 во главниот град на Шпанија во последните 24 часа изнесува 2.033, со што вкупниот број на заразени во градот достигна бројка од 34.188.
Администрацијата на автономната област Мадрид мртвите тела ги чува на замрзната патека за лизгање. Властите од Мадрид соопштија дека поради можноста од пополнувањето на капацитетот на патеката, се планира за иста цел да се искористи и ледената патека во местото Махадаонда.
По областа Мадрид, најголем број на детектирани случаи на Ковид-19 се забележани во автономната област Каталонија, каде што според последните податоци, вкупниот број на смртни случаи изнесува 2.335 лица (242 во последните 24 часа), а детектирани се вкупно 23.460 лица заразени од Ковид-19.
Во рамките на превентивните мерки што се преземени во Шпанија, се очекува повторно продолжување на вонредната состојба што беше воведена на 14 март.
Левоориентираната коалициска Влада смета дека вонредната состојба која завршува на 12 април треба да биде продолжена до 26 април. Од друга страна, опозицијата упати остри критики кон власта поради начинот со кој управува со кризата, истакнувајќи дека е подготвена да понуди различни предлози во врска со вонредната состојба.