Ali Murat Alhas
09 Мај 2020•Ажурирај: 11 Мај 2020
МЕЛБУРН (АА) - Бројот на смртни случаи од новиот вид коронавирус во Австралија се искачи на 98, со новиот смртен случај денес во Нов Јужен Велс, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Здравствените власти соопштија дека 92-годишна пациентка е најновата жртва на вирусот, која починала во негувателски дом во Сиднеј.
Австралија спроведе над 750.000 тестирања за коронавирусот, додека 6.079 лица ја победија битката со вирусот.
Во земјата има 849 активни случаи, вклучувајќи 21 пациент на одделите за интензивна нега.
Од друга страна, Во Нов Зеланд регистрирани се два случаја на заразени со вирусот, чиј вкупен биланс вчера броеше 7.204.
Во земјата извршени се над 183.000 тестирања, додека 1.368 пациенти од вкупно 1.492 се излекуваа.
Нов Зеланд воведе вонредна состојба со цел да го спречи ширењето на вирусот.
Откако за првпат се појави во Кина минатиот декември, вирусот се прошири во најмалку 187 земји и региони. Европа и САД во моментов се најтешко погодени региони во светот.
Според податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“, во пандемијата досега починаа речиси 275.000, со над 3,9 милиони заразени, а оздравеа над 1,3 милиони заболени.