Seyit Aydoğan
09 Мај 2020•Ажурирај: 09 Мај 2020
ТОРОНТО (АА) – Во Канада во текот на 48 часа од новиот вид коронавирус, Ковид-19, починаа 330 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на канадското федерално Министерство за здравство, во текот на последните 48 часа од Ковид-19 битката со вирусот ја изгубија 330 лица, со што вкупната бројка на починати се искачи на 4.678.
Исто така во истиот временски период евидентирани се нови 2.938 случаи со Ковид-19, со што вкупниот број на случаи е зголемен на 66.434.
Досега од коронавирусот во земјата излекувани се 30.406 лица.
- Во болниците во Монтреал веќе нема место за пациенти -
Во Монтреал, кој стана епицентар на епидемијата во Канада, болниците се целосно исполнети.
Претседателот на Здружението на експерти за итна медицинска помош во Квебек, д-р Жилбер Боушер во однос на пребукираноста на болничките капацитети рече: „Тоа е нов проблем и треба да се реши брзо.“
Наведувајќи дека извор на проблемот биле старите лица кои биле донесени во болниците од старечките домови, Бучер рече:
„Голем број пациенти што се хоспитализираат доаѓаат од старечките домови. Пациентите кои оздравеле и на кои повеќе не им е потребен болнички третман, се држат во болниците затоа што нема каде да одат.“
Владата на провинцијата Квебек соопшти дека се обидува да го реши проблемот со ставање болнички кревети за пациентите во некои соодветни хотели и спортски објекти во Монтреал.
Од друга страна, државната министерка за здравство на Квебек, Даниеле Меккен, истакнувајќи дека само во Монтреал моментално има недостаток од 11.000 медицински лица, рече дека недостатокот ја отежнува работата во болниците.