свет, Коронавирус

400 лица избегале од центар за карантин во Малави

- Четиристотини лица избегале од центарот за карантин формиран во рамките на борбата против Ковид-19 во градот Блантајр во Малави

Adam Abu-bashal  | 28.05.2020 - Обновена : 29.05.2020
400 лица избегале од центар за карантин во Малави

АБУЏА

Четиристотини лица избегале од центарот за карантин формиран во рамките на борбата против Ковид-19 во градот Блантајр во Малави, јавува Агенција Анадолија (АА).

Властите од оваа земја соопштија дека 400 лица што се вратиле од Јужноафриканската Република, избегале од центарот за карантин кој е формиран на стадионот „Камузу“ во градот Блантајр.

Во соопштението се наведува дека се испратени безбедносни сили во секој дел од градот и дека се започнати операции за пронаоѓање на бегалците.

Според досегашните податоци, во Малави се детектирани 101 лице позитивни на Ковид-19, а 4 лица ги загубија животите како последица на заразеност со новиот тип на коронавирус.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.