Burcu Çalık
16 Септември 2017•Ажурирај: 17 Септември 2017
АНКАРА (AA) – Емине Ердоган, сопругата на претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, која неодамна во Бангладеш ги посети араканските бегалци, упати писмо до сопругите на светските лидери, јавува Anadolu Agency (AA).
Емине Ердоган во писмото укажа на трагедијата со која се соочени бегалците Рохинџа муслимани, кои, според последните податоци, околу 400 илјади пребегаа од Мјанмар на територијата на Бангладеш.
Таа укажа на фактот дека на Рохинџа муслиманите повеќе децении им се ускратени темелните човекови права и дека сега се во ситуација да бираат смрт или бегство во соседна земја. Сопругата на турскиот претседател додаде дека од 25 август наваму повеќе од илјада лица се убиени, а на стотици илјади пребегаа во Бангладеш.
Во продолжение на писмото Емине Ердоган се осврна на сликата која ја затекнала за време на посетата на бегалскиот камп во Бангладеш.
„Да се сведочи за човечката трагедија на која меѓународната заедница ги затвори ушите и одбива да види, навистина е срамота. Навистина беше многу болно да се слушнат приказните на голем број жени чии куќи се запалени, кои се силувани и чиишто мажи се убиени пред нивни очи", порача сопругата на турскиот претседател, додавајќи дека никогаш нема да ги заборави безизлезните и очајните погледи на жените и децата во кампот.
Потсети дека Мјанмар го посети и 2012 година и дека кризата во оваа земја е потребно да се реши долгорочно.
„Турција на дипломатски и хуманитарен план се бави со ова прашање. За жал, сите овие случувања, претставуваат јасно кршење на вториот член на Универзалната декларација за човекови права, во кој се вели ‘дека сите земји се должни да ги заштитат човековите права на секој човек без оглед на расата, бојата, полот, јазикот, религијата, политичкото или друго мислење", и додаде:
„Како мајка, како жена и како човечко суштество, сметам дека сме должни да воспоставиме свет во кој ќе живееме сите заедно слободно ќе живееме, без оглед на верската или етничката припадност. Се надевам дека сопругите на лидерите ќе вложат многу напори на хуманитарен план и на тој начин ќе ја покренат меѓународната заедница да презеде чекори".
Сопругата на претседателот Ердоган потсети дека Турција е втора земја во светот кога е во прашање обезбедување на хуманитарната помош и дека Турција веќе прими три милиони бегалци од Ирак и Сирија.