Ekip
16 Септември 2017•Ажурирај: 17 Септември 2017
ЛОНДОН (АА) - Британската полиција соопшти дека го уапсила 18-годишниот маж, кој се поврзува со нападот на лондонското метро, пренесува Anadolu Agency (AA).
Полицијата тврди дека осомничениот бил уапесен од страна на полицијата на Кент во Довер на Англискиот канал.
Нил Басу, заменик помошник на полицискиот комесар, рече дека ова е значајно апсење.
Додаде дека истрагата продолжува и дека нивото од терористичката закана останува критично.
Импровизирана бомба вчера експлодираше во лондонската метро станица Парсонс Грин.
Повредени беа 29 лица, дел од нив од експлозијата, а дел од стампедото кое настана.