свет, Коронавирус

Мека од 31 мај постепено ќе ги попушта ограничувањата поради Ковид-19

- Саудиска Арабија утринава го објави планот за нормализација за Мека во две фази, со цел да се попуштат мерките на ограничување поради Ковид-19 и постепено да се доаѓа до враќање во нормален живот

Firdevs Bulut  | 28.05.2020 - Обновена : 29.05.2020
Мека од 31 мај постепено ќе ги попушта ограничувањата поради Ковид-19

МЕКА

Саудиска Арабија утринава го објави планот за нормализација за Мека во две фази, со цел да се попуштат мерките на ограничување поради Ковид-19 и постепено да се доаѓа до враќање во нормален живот, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Првата фаза ќе започне на 31 мај, во која влегување и излегување од Мека ќе биде дозволено во период од 6:00 часот до 15:00 часот“, се соопштува од Министерството за внатрешни работи.

„Петочните молитви и другите собирни молитви во Големата џамија (Месџид ел Харам) ќе продолжат во согласност со веќе постоечките здравствени мерки“, се вели во соопштението.

Втората фаза ќе започне на 21 јуни, во која на граѓаните ќе им биде дозволено да бидат надвор од 6:00 до 20:00 часот.

Во соопштението се вели дека на фризерските салони и берберниците сѐ уште нема да им биде дозволено да отворат, додека свадби и погреби ќе може да се одржуваат со присуство на најмногу 50 луѓе.

Коронавирусот, официјално познат како Ковид-19, откако за првпат се појави во кинескиот град Вухан изминатиот декември, се рашири во речиси 200 земји и региони. Европа и САД во моментов се најтешко погодени региони.

Пандемијата досега ги зеде животите на над 355.000 луѓе во светот, над 5,6 милиони се заразени, додека излекувани се 2,3 милиони, според податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.