Ekip
04 Јануари 2017•Ажурирај: 04 Јануари 2017
КИДАПАВАН (AA) - Од затвор на Филипините утринава побегнаа 132 затвореници, јавува Anadolu Agency (AA).
Тамошните власти тврдат дека станува збор за најголемото масовно бегство од затвор во земјата во последните неколку години.
Питер Бонгат, управник на затворот во јужниот дел на земјата, во градот Кидапаван, изјави дека затворот бил нападнат од група вооружени напаѓачи кои го убиле едниот чувар, а вториот го раниле.
Најголемиот дел од затворениците го искористија пукањето во објектот за бегство.
Шефот на полицијата на Кидапаван, Лео Ајеро, истакна дека двајца од 132 затвореници се фатени, а воените трупи работат на тоа да ги фатат останатите.
Филипинските медиуми јавуваат дека за нападот на затворот се одговорни членовите на Исламскиот либерален фронт Моро (MILF), најголемата муслиманска бунтовничка група на Филипините со седиште во јужниот регион Минданао, кои бараат поголема автономија за припадниците на народот Моро.