Durmuş Genç
20 Мај 2017•Ажурирај: 21 Мај 2017
МУГЛА (AA) - Најмалку девет припадници на терористичката организација ФЕТО се фатени во југозападниот турски град Мугла, во обид да го преминат на грчкиот остров Родос во Егејско море, јавува Anadolu Agency (AA).
Откако екипите на турската полиција примиле дојава за бегството, на локацијата Даламан, во близина на градот Мугла, следуваше акција во која се приведени девет припадници на ФЕТО. Освен нив, приведени се и двајца организатори на нивното бегство.
Тие се обиделе да преминат на грчкиот остров Родос, а со нив биле и две малолетни лица.
Наведено е дека се приведени додека чекале брод на брегот на Мугла, со кој требале да бидат префрлени до Родос и дека кај нив е пронајдена голема количина пари.
Приведените лица се проследени на Одделот на турската полиција за борба против криумчарење и организиран криминал.