Kasım İleri,Safvan Allahverdi,Betül Yürük
18 Август 2017•Ажурирај: 19 Август 2017
ВАШИНГТОН/ЊУЈОРК (АА) - Екипата на Anadolu Agency во сојузните американски држави Вирџинија и Њу Џерси ги снимија браќата Фетин и Фатих Казанџи, членови на терористичката организација ФЕТО кои се во бегство, јавува Anadolu Agency (AA).
Репортерите на АА дојдоа до информации дека браќата Казанџи во САД ги водат компаниите „Tile Optima“ и „Firuze“, кои се занимаваат со трговија со мермер и керамика.
Репортерите во продавницата што и припаѓа на компанијата на Фетих Казанџи во Вирџинија ги снимија и неговите синови Селман и Јасин Казанџи.
Селман често преку социјалните мрежи пишува пораки во коишто ја поддржува терористичката организација ФЕТО.
Во една пригода пред изборите во Турција, тој упати пцости кон граѓаните на Турција кои гласаат за Партијата за правда и развој (AKP).
Фетих Казанџи претходно од „Bank Asya“, која од 2014 година беше пред банкрот, подигна „неповолен кредит" од 100 милиони турски лири.
Синовите Јасин и Селман на репортерот на АА му пренесоа дека нивниот татко Фетин не се наоѓа во продавницата.
Тие тврдеа дека не се во роднински врски со Фетин, туку само вработени во неговата компанија.
Откако репортерот на АА изјави дека го препознал Селман Казанџи, тој ја затвори вратата на продавницата и повика полиција.
Селман набрзина повторно излезе надвор и избегнуваше да одговара на прашањата на репортерот.
Од друга страна, неговиот постар брат Јасин бараше од репортерот на АА да ја исклучи камерата.
Полицијата набрзо стигна и ја оддалечи екипата на АА од тоа подрачје.
Од друга страна, екипата на АА беше цел на физички напад на лицето со име Мехмет, кој се претставувал како директор на компанијата „Tile Optima“ во Њу Џерси, која исто така е во сопственост на браќата Фетин и Фатих Казанџи.

Мехмет прво се согласи да одговори на прашањата на новинарот на АА, но по прашањето за обидот за воен удар на ФЕТО во Турција изјави дека се откажал од државјанството.
„Мислам дека тоа не е ништо. Јас се откажав од државјанството. Мене ми се важни парите“, изјави директорот на фирмата кој во еден момент многу се вознемири поради новите прашања за ФЕТО.
Тој исто така тврдеше дека новинарот влегол на приватен имот, поради што му се закани дека ќе повика полиција, а потоа го навредуваше и изврши физички напад на новинарот и камерманот на АА.

Фатих Казанџи од 1970 година дејствува во рамките на ФЕТО.
Во декември минатата година, полицијата во Измир изврши претрес во куќите на 18 осомничени во рамките на истрагата против ФЕТО, вклучувајќи го и Фатих Казанџи, кој не беше уапсен бидејќи се наоѓаше во странство.
Терористичка организација ФЕТО во 70-тите години на минатиот век почна своите поданици да ги инфилтрира во безбедносните институции на Турција, во осумдесеттите години значително ги зајакна своите паралелни структури во овие институции и, конечно, на 15 јули минатата година изврши неуспешен обид за воен удар, со цел да го собори уставниот поредок и демократски избраната турска власт.
Според последните податоци, во вкупно 113 земји во светот дејствуваат вкупно 688 училишта и образовни институции поврзани со терористичката организација ФЕТО.