Semra Orkan
18 Август 2017•Ажурирај: 19 Август 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Голем број светски лидери упатија осудувачки пораки по синоќешниот терористички напад во Барселона, во кој загинаа најмалку 13, а повредени се 100 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, упати порака на сочувство до шпанскиот крал Фелипе VI. Освен што го осуди суровиот терористички напад, Ердоган изрази и длаболка болка по повод големиот број жртви во овој напад.
„Најостро го осудувам овој напад, кој не е напад само врз Шпанија, туку и врз заедничките вредности на целото човештво. Овој напад уште еднаш го откри валканото лице на терористичкото зло“, рече Ердоган во својата порака.
Осуда по терористичкиот напад во Барселона стигна и од претседателот на САД, Доналд Трамп.
„САД го осудуваат овој терористички напад во Барселона и ќе сториме сѐ што е во наша моќ за да помогнеме. Бидете силни, ве сакаме“, објави Трамп на социјалната мрежа „Twiter“ (Твитер).
Нападот во Барселона, за кој одговорност презеде терористичката организација ДЕАШ, исто така го осудија и италијанскиот премиер Паоло Џентилони, колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос, претседателот на Еквадор, Ленин Морено, мексиканскиот претседател Енрине Пена Нието и многу други.