Ekip
18 Август 2017•Ажурирај: 19 Август 2017
БАРСЕЛОНА (АА) - Каталонските власти соопштија дека денес почина една жена која беше повредена во вчерашниот напад во популарниот приморски град во близина на Барселона, пренесува Anadolu Agency (AA).
Жената, чиј идентитет не е откриен, е прва што почина меѓу повредените во вчерашниот напад во Камбрилс, околу 130 километри јужно од Барселона.
До нападот дојде неколку часа откако напаѓачи со комбе влетаа меѓу во пешаците на прометното шеталиште во Барселона и притоа загинаа 13, а беа повредени околу 100 лица. Бројот на жртвите сега изнесува 14 лица.
Во Камбрилс, полицијата неутрализираше пет лица кои носеле лажни бомбашки појаси и со автомобил влетаа во група туристи и локалното население. Во тој инцидент беа повредени шест лица, меѓу кои и полицаец.