Mahmut Atanur
17 Јануари 2018•Ажурирај: 17 Јануари 2018
ЏАКАРТА (AA) - Во Џакарта, главниот град на Индонезија, уличните готвачи секојдневно ги привлекуваат купувачите со богатите вкусови што ги поготвуваат и нудат различни јадења на нивните штандови.
Речиси во секое населено место во главниот град, барем на една улица, готвачите заеднички ги поставуваат штандовите и започнуваат со готвење храна.
На нивните штандови поставени под шатор или на отворено, мајсторите на вкусот подготвуваат голем избор на печени патки, кинески тестенини, равиоли, десерт од кокос и печен ориз со месо.

Покрај ефектот кај етничкото население во земјата, благодарение на различните стилови на готвење, зачините и материјалите што се користат, вкусовите на индонезиската кујна, која стана мешавина на индиската, кинеската и арапската кујна, се рефлектира на улиците речиси како фестивал на вкус.
Во земјата која има богата кујна со етничка структура, уличните готвачи ја даваат сликата на културите од регионот преку јадењата што ги подготвуваат.
Навиката за јадење надвор, која стана дел од секојдневниот живот, им дава друга боја на улиците, овозможувајќи им на луѓето да јадат заедно, да разговараат и да се дружат.
Таржоно, кој готви на улиците веќе 13 години, рече дека подготвува пилешко, риба и супи. „Употребувам најмалку 30 килограми свежо пилешко и риба секој ден, работам најмалку 12 часа. Имаме интензивна побарувачка поради комбинацијата на поевтини оброци со различни вкусови“.
Ендах, еден од редовните посетители на улиците каде што се готви, рече: „Јас работам во приватна банка доаѓам тука со моите колеги секој ден за време на паузите. Тука е можно да најдете голем избор на вкусни и евтини оброци. Имам можност да разговарам со моите пријатели тука. А, фактот дека е блиску до канцеларијата е голема предност во однос на времето“.