Mahmut Atanur
23 Ноември 2019•Ажурирај: 23 Ноември 2019
ЏАКАРТА
Индонезиската провинција Западна Папуа ја потресе земјотрес со интензитет од 6,1 степен, јавува Агенција Анадолија (АА).
Агенцијата за метеорологија, клима и геофизика (BMKG) на Индонезија соопшти дека земјотресот се случил на отворено море, 280 километри североисточно од подрачјето Тамбрау во провинцијата Западна Папуа, на длабочина од 10 километри.
Засега нема информации за човечки жртви и причинета материјална штета.
Пацифичкиот центар за предупредување од цунами, по земјотресот не даде предупредување.
На 26 септември годинава, Амбон, главниот град на провинцијата Малуку, ја потресе земјотрес со интензитет од 6,8 степени, во кој животот го загубија 36 лица.