Mahmut Atanur
03 Декември 2017•Ажурирај: 05 Декември 2017
ЏАКАРТА (АА) - Најмалку дваесет лица го загубија животот во поплавите и свлечиштата предизвикани од циклонот Далија кој ја погоди Индонезија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Националната агенција за управување со катастрофи (БНПБ) соопшти дека најмалку 20 лица смртно настрадале во поплавите и свлечиштата предизвикани од циклонот Далија, кој ја погоди провинцијата Источна Јава.
Од БНПБ велат дека пет лица во регионот се водат за исчезнати, и дека продолжуваат спасувачките операции.
Според соопштеното, околу 2.000 куќи се оштетени, а надлежните упатуваат предупредување до населението во регионите кои сѐ уште не се погодени од циклонот, за можни поплави и свлечишта.
Во четвртокот беше соопштено дека 27 лица загинале како резултат на свлечишта предизвикани од циклонот Чемпака во Средна Јава.