Mahmut Atanur
27 Јануари 2019•Ажурирај: 28 Јануари 2019
ЏАКАРТА (АА) - Во поплавите и свлечиштата предизвикани од поројните дождови на индонезискиот остров Сулавеси животот го загубија 68 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Националната агенција за управување со катастрофи на Индонезија (BNPB), Сутопо Пурво Нугрохо, истакна дека бројот на загинатите во поплавите и свлечиштата предизвикани од поројните дождови, кои од почетокот на неделата ги зафатија 13 подрачја во индонезиската покраина Јужен Сулавеси, од 59 се искачи на 68 лица.
Нугрохо информираше дека во катастрофите повредени се 47 лица, додека 7 лица се водат како исчезнати. Според него, 6.757 лица погодени од катастрофата биле евакуирани во бебзедни зони.
Заменик-претседателот на Индонезија, Јусуф Кала, изјави дека Владата ќе плати надомест од околу 1.065 долари по лице во секое семејство кое е погодено од катастрофата.
Поројните дождови во оваа покраина ги погодија подрачјата Џенепонто, Марос, Гова, Макасар, Сопенг, Ваџо, Бару, Пангкеп, Содрап, Бантаенг, Такалар, Селајар и Синџаи.
Во Индонезија често се случуваат поплави и свлечишта поради поројните дождови во земјата.