Ekipa
10 Мај 2018•Ажурирај: 10 Мај 2018
ЈОГЈАКАРТА (AA) – Со предавање на затворениците заврши дводневниот бунт и заложничката криза во која загинаа најмалку шест лица во еден од најпознатите затвори во Индонезија, јавува Anadolu Agency (AA).
Бунтот во затворот на островот Западна Јава го извршија 155 осудени терористи, а минатата ноќ на полицијата ѝ се предадоа 145 од нив.
Индонезискиот министер за политички работи и безбедност, Виранто, рече дека полицијата минатата ноќ извршила голема акција во која се предале и останатите десет терористи.
Портпаролот на полицијата, Сетио Васисто, рече дека заробениот полициски службеник бил успешно ослободен.
Петмина полицајци и еден затвореник загинаа во изминатиот дводневен бунт.
Затворот во кој се случи вооружениот бунт е сместен во областа Депок и во него се притворени осудените терористи на ДЕАШ.